Соопштенија

11 август 2025

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС 11.8 ГРЦИЈА

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 07 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 165 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.9.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот:

https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici  или јавете се на 112


04 август 2025

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС 4.8 ТЕТОВО-ГОСТИВАР

 Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici  или јавете се на 112.


17 јули 2025

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС КОСОВО 16.7

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 43 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на соседно Косово, 39 км североисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.6. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/osetenost или јавете се на 112.

 


07 јули 2025

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВАЛАНДОВО 07.07.2025

 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во
Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 123 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата,
земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. 

 


29 јуни 2025

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВАЛАНДОВО, 29.06.2025

 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 5 часот и 54 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 120 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала

 


25 јуни 2025

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ОХРИД 25.06.2025

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 3 часот и 59 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 115 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата,
земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. 


24 јуни 2025

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС Р. АЛБАНИЈА 24.06.2025

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 5 часот и 04 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од Република Албанија, на околу 158 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.5.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата,
земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. 


21 јуни 2025

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС Р. АЛБАНИЈА 21.06.2025 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, веднаш после полноќ во 00 часот и 33 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од пограничното епицентралното подрачје со Република Албанија, Јужен дел на Охридско Езеро, на околу 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата,
земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.


17 јуни 2025

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ОХРИД 17.6.2025

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, веднаш после полноќ во 00 часот и 48 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.


16 јуни 2025

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ОХРИД 16.6.2025

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава регистрираше серија на земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани- Охрид -Струга, 102 км југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, од серијата на земјотреси, почувствуван е земјотресот во 4 часот и 34 минути во Охрид и блиската околина со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатите југозападни делови од Републиката, земјотресот е почувствуван со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Освен вознемиреност кај граѓаните, материјални штети не се пријавени.


| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
© 2026. Сеизмолошка опсерваторија, ПМФ, УКИМ, Скопје.