ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ДЕЛЧЕВО-БЕРОВО 15.9.2026
ПОТСЕТУВАЊЕ НА СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС ОД 11 СЕПТЕМВРИ 2016 Како едукацијата за заштита од земјотрес може да ги намали последиците?
ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ОХРИД - СТРУГА 8.9.2026
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 05 часот и 40 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.9.
Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката, особено во Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот:
https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112
СЕЌАВАЊЕ НА БИТОЛСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС ОД 1994
ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ТЕТОВО-ГОСТИВАР 15.8.2026
ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС СКОПЈЕ 2.8.2026
ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС Р. АЛБАНИЈА 29.7.2026
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 52 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Р. Албанија, на околу 144 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градот Струга и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот:
https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112
ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО ВО СЕИЗМОЛОШКАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ ЗА ВРЕМЕ НА СКОПСКИОТ КАТАСТРОФАЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 26 ЈУЛИ 1963 ГОДИНА
Сеизмолошката станица на Универзитетот во Скопје била единствената сеизмолошка станица која работела во времето на скопскиот катастрофален земјотрес од 26 јули 1963 година. Во моментот на земјотресот, со станицата раководел Драган Хаџиевски, професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Други вработени во станицата во тоа време биле геологот Панде Георгиевски и помошникот лаборант и чувар на станицата Ристо Глигоров, кој со своето семејство живеел во станбениот дел на станицата, нешто што било вообичаено за тогашните сеизмолошки институции. Меѓутоа, Панде и Ристо на 26 јули 1963 година биле на годишен одмор, па така за време на кобното утро во Скопје од стручните лица на станицата бил само Драган Хаџиевски, а во зградата на станицата – само родителите на Ристо Глигоров, Тимо и Софија.
Тимо и Софија на 26 јули 1963 година, во 05 часот и 17 минути, биле разбудени од многу силен подземен удар, проследен со силна бучава. Веднаш потоа почувствувале и слушнале силни удари во надворешните ѕидови на станицата од одронетите варовнички стени на падината на Водно над станицата. Станицата, за среќа, не претрпела значајни оштетувања. Истрчале во дворот на станицата, каде биле сведоци на страшна глетка: наместо градот Скопје, во подножјето на падината на Водно се кревале големи облаци од прашина. Кога по некое време прашината се расчистила, здогледале урнати згради и куќи. Во целокупниот хаос, не ни забележале дека во моментот пристигнал раководителот на станицата, Драган Хаџиевски, кој со своето возило, со многу големи тешкотии, низ паниката и урнатините во градот Скопје, успеал да стигне до станицата. Станицата тогаш била опремена со два механички сеизмографа MAINKA, монтирани уште во првата половина на 1957 година, на начин да ги бележат движењата на тлото долж правците север–југ и исток–запад, и со механичкиот сеизмограф CONRAD, монтиран во февруари 1963 година, на начин да ги бележи движењата на тлото долж правецот север–југ. Драган констатирал дека сите три сеизмографи биле исфрлени од работа при ударот на силниот земјотрес. Со голема возбуденост, но и умешност, тој успеал, околу 38 минути по настапот на земјотресот, да го врати во работа сеизмографот CONRAD, а по околу 2 часа и 32 минути, и едниот од сеизмографите MAINKA. Со ова било овозможена континуирана регистрација на другите земјотреси настанати по силниот, што пак обезбедило натамошно издавање на Сеизмолошкиот билтен и на засебни извештаи, како и навремено информирање на населението заради преземање соодветни заштитни мерки.
Континуитетот на микросеизмичките набљудувања по силниот земјотрес што го обезбедил Драган Хаџиевски претставува, всушност, основен материјал за понатамошните обемни истражувања на скопското епицентрално подрачје од сеизмолошки и од сеизмотектонски аспект, но и особен пример за сите сеизмолози за несебичното стручно залагање и акција, утрото на 26 јули 1963 година.
ОХРИД 3 ЈУЛИ 2017
Во периодот од 18 јуни до крајот на август 2017 г., Охридското епицентрално подрачје беше изложено на сеизмичка активност изразена преку серија на минорни до умерено силни земјотреси со магнитуден интервал M0.1 до M5.0, чие траење и повторување предизвика вознемиреност кај локалното население и туристите.
Најсилниот земјотрес се случи на денешен ден, 3 јули 2017 година во 13 часот и 18 минути по локално време, со магнитуда М5.0 и макросеизмички интензитет од VII степени според Европската Макросеизмичка Скала. Земјотресот беше проследен со силен вертикален удар и звук, слично како на експлозија, што предизвика да го почувствуваат многу луѓе внатре во куќите но и оние во зградите. Многу од оние што спиеле се разбудиле, а мнозинството се исплашиле и ги напуштиле своите домови.
Беше забележано, бранување на водата во Охридското Езеро, заматување на водата во бунарите, но и појава на брановидни формации во почвата. Со послаби макросеизмички ефекти, овој земјотрес беше почувствуван низ целата територија на Републиката но и блиските погранични подрачја.
Повеќето од градбите во градот претрпеле оштетувања. Ѕиданите градби, претрпеле значајни до многу големи оштетувања, како пукнатини на повеќе ѕидови, лизгање на ќерамиди од куќите, паѓање на оџаци, делумно уривање на ѕидови. Кај некои армирано бетонски градби се појавиле пукнатини на ѕидовите, а кај некои паѓање на големи парчиња малтер или гипс од ѕидовите.
Треба да бидеме свесни за постоењето на сеизмичката опасност и нејзината големина, и интензивно и перманентно да работиме на превземањето на мерки и активности за намалување на сеизмичкиот ризик, како преку градење на сеизмички отпорни конструкции спремни да се справат со предизвикот земјотрес, така преку подигање на свеста за заштита од земјотрес.
ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ТЕТОВО-ГОСТИВАР 29.6.2026
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0.