Геоматнетни мерења

Почнувајќи од 2004 г., Сеизмолошката опсерваторија во Скопје ги проширува своите инструментални набљудувања и на други области од геофизиката. Во соработка со Катедрата за геологија и геофизика при Рударско-геолошкиот факултет во Штип, во зградата-седиште на опсерваториjатa во Скопје инсталиран е магнетометар. Податоците што се добиваат се користени во проектот Истражување на можностите за создавање на мрежа за процена на ризикот од земјотреси и нивното краткорочно претскажување во подрачјето на Балканот и Црното Море, 2005−2006 г., помеѓу опсерваторијата и Институтот за нуклеарни истражувања и нуклеарна енергија при Бугарската академија на науките (Институт за ядрени изследвениа и ядрена енергия към Българската Академия на науките), Софија, како и во меѓународниот проект Комплексно истражување на можностите за предвидување земјотреси, на сеизмичноста и на корелациите за климатските промени, 2011-2012 г. (Complex Research of Earthquake’s Forecasting Possibilities, Seismicity and Climate Change Correlations, acronym BlackSeaHazNet, FP7 MCA project PIRSES-GA-2009-246874, 2011-2012), чијшто учесник е и Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.


© 2024. Сеизмолошка опсерваторија, ПМФ, УКИМ, Скопје.