Главните области во кои Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ја остварува својата апликативна дејност се:
Така, oпсерваторијата учествувала во изработката на просторните планови на Република Македонија, на карти на микрореонирање на многу подрачја во Република Македонија, потоа, во донесувањето на прописите за изградба во сеизмички подрачја, како и во геолошките, сеизмолошките и сеизмотектонските истражувања на сите подрачја на територијата на Република Македонија и на многу подрачја од териториите на бившите југословенски републики во кои биле планирани и градени брани, акумулации, хидроелектрани, термоелектрани и други капитални објекти.
И овде треба да се спомене дека многу од картите на сеизмичко микрореонирање во чијашто изработка учествувале истражувачите од опсерваторијата се влезени во официјална, со закон регулирана употреба. Една ваква карта е: Н. Грујиќ, Д. Гојгиќ, М. Арсовски и Д. Хаџиевски, Карта на сеизмичко микрореонирање на град Скопје, Скопје, 1966. Истата послужила како основа за новиот урбанистички план на Скопје по катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 г.
Во последните 15 години, во опсерваторијата се развивани и оригинални софтвери за проблеми врзани со сеизмичката служба и научната работа.
Најважните апликативни проекти на опсерваторијата во последните десет години се наведени подолу.