Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје како прв и единствен носител на образовните активности од областа на сеизмологијата во насока на промовирање на науката, но и едуцирање на населението за ризиците и мерките за заштита од земјотреси, од оваа учебна година ја осовременува и збогатува понудата на научно – образовни предавања и ги нуди следниве можности:
прилагодливо за сите возрасти/одделенија
Едукативна презентација наменета за сите, за малку познати видео материјали за досега забележани катастрофи предизвикани од земјотреси, надополнето со прошетка низ Опсерваторијата и презентирање на историскиот развој на сеизмолошката служба во Републиката, презентирано преку интересни историски моменти и настани. Сето ова се надополнува со објаснување на секојдневните обврски на еден сеизмолог и најважно мерките за подготовка и заштита при земјотрес.
Времетраење: 60 мин.
Максимален број на членови на група: до 25 лица
Цена по лице: 100 ден. (200 ден. за предавање на англиски јазик)
1) Поради тесниот пристапен пат се препорачува организираниот превоз да биде со автомобил/комбе/минибус
2)Доколку се организира едновремена посета на повеќе од една група, предавањата помеѓу групите започнуваат со разлика од 20 мин.
Плаќањето се врши со банкарска уплата.
прилагодливо за сите возрасти/одделенија
За сите заинтересирани со набиена агенда за посети на научни установи, Опсерваторијата нуди можност и за едно експресно патување низ историскиот развој на сеизмологијата, напредокот во начинот на регистрирање и анализирање на земјотресите, како и кратки, но концизни препораки за однесување во случај на земјотрес со цел лична и колективна заштита.
Времетраење: 40 мин.
Максимален број на членови на група: до 25 лица
Цена по лице: 100 ден. (200 ден. за предавање на англиски јазик)
1) Поради тесниот пристапен пат се препорачува организираниот превоз да биде со автомобил/комбе/минибус
2)Доколку се организира едновремена посета на повеќе од една група, предавањата помеѓу групите започнуваат со разлика од 20 мин.
Плаќањето се врши со банкарска уплата.
за ученици од 8мо и 9то одд. и сите години од средно образование
За оние кои сакаат да ја воочат науката (физиката и географијата) потребна во објаснувањето на земјотресите како природен експеримент, Опсерваторијата нуди можност и за едукативно предавање насочено кон научно објаснување за начинот на настанување на земјотресите, начинот на функционирање на инструментите наменети за нивно регистрирање, научно објаснување за постапката за анализа на случен земјотрес и причините зошто нашата држава се вбројува во земјите со висок сеизмички ризик. Секако неизоставен дел и од оваа активност се мерките за заштита во случај на земјотрес.
Времетраење: 90 мин.
Максимален број на членови на група: до 25 лица
Цена по лице: 100 ден. (200 ден. за предавање на англиски јазик)
1) Поради тесниот пристапен пат се препорачува организираниот превоз да биде со автомобил/комбе/минибус
2)Доколку се организира едновремена посета на повеќе од една група, предавањата помеѓу групите започнуваат со разлика од 20 мин.
Плаќањето се врши со банкарска уплата.
прилагодливо за сите возрасти/одделенија
За потполно искористување на едукативната понуда на Сеизмолошката опсерваторија,нудиме и комбинација на кратка едукативна прошетка низ Опсерваторијата за запознавањесо основните концепти, принципи и закони на сеизмологијата, земјотресите во Македонијаи мерките како да се заштитиме во случај на земјотрес, надополнета со натпреварување запокажување на најголемо стекнато знаење и за научна БИНГО добивка.
Времетраење: 90 мин.
Бр. на членови на група: до 20 ученици
Цена: 150 ден. (300 ден. на англиски јазик)
1) Поради тесниот пристапен пат се препорачува организираниот превоз да биде со автомобил/комбе/минибус
2)Доколку се организира едновремена посета на повеќе од една група, сесиите започнуваат со разлика од 90 мин.
Плаќањето се врши со банкарска уплата.
прилагодливо за сите возрасти/одделенија
За заинтересираните кои не можат да дојдат во просториите на Опсерваторијата во Скопје, научниот кадар на нашата институција нуди можност и за посета на Вашето училиште или институција за одржување на едукативно предавање/а, на ниво прилагодено за возраста на слушателите. Овие предавања се одржуваат со претходен договор со одговорните лица на Опсерваторијата.
Времетраење: по договор
Бр. на членови на глупа: неограничен
Цена по лице: 200 ден.