Просторни услови

Просторните и техничките услови со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје (чие седиште е далеку од зградата на факултетот) ги задоволуваат сегашните потреби за обавување на сеизмолошката служба, научно-истражувачката, наставната, апликативната и издавачката дејност од областа на сеизмологијата.

Постојната сеизмолошка и компјутерска опрема ги задоволува потребите на теоретската настава и практичните вежби по сеизмологија.

Приклучоци за Интернет има доволно, но умрежувањето кон серверот во зградата на Природно-математичкиот факултет во Скопје (од каде што врската оди до зградата на ректоратот на Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје) е под стандардите и предизвикува големи проблеми во интернет-комуникацијата на опсерваторијата со сродните институции во странство. Поради тоа, беше неопходно опсерваторијата да обезбеди сопствени IP адреси, и дополнително да ги зголеми своите месечни трошоци.

Денес во зградата-седиште на Сеизмолошката опсерваторијата на Природно-математичкиот факултет во Скопје, постојат:

  • сала за сеизмометри,
  • сала за дигитални запишувачи,
  • четири сали за галванометриска аналогна регистрација на фотографска хартија,
  • сала за софтверска анализа на тековните сеизмолошки податоци,
  • лабораторија за геомагнетни мерења,
  • информатичка лабораторија,
  • сала за проектни материјали,
  • библиотека со проектор (за изведување теоретска настава и разни предавања),
  • девет канцеларии за вработените,
  • станбен дел за чуварот на зградата,
  • помошни простории.

Во зградата на сеизмолошката станица во Охрид, постојат:

  • сала за сеизмометри,
  • сала за дигитатален запишувач и софтверска анализа на сеизмолошки податоци,
  • сала за галванометриска аналогна регистрација на фотографска хартија,
  • три канцеларии,
  • станбен дел за чувар на зградата,
  • помошни простории.

Во зградата на сеизмолошката станица во Валандово постојат:

  • сала за сеизмометри,
  • сала за дигитален запишувач и софтверска анализа на сеизмолошки записи,
  • сала за галванометриска аналогна регистрација на фотографска хартија,
  • канцеларија,
  • станбен дел за чувар на зградата,
  • помошни простории.

Останатите три станици од постојаната телеметриска мрежа на Република Македонија (во Штип, Битола и Крушево) се во изнајмени делови од разни објекти.

 


© 2024. Сеизмолошка опсерваторија, ПМФ, УКИМ, Скопје.