Во рамки на едукативната дејност која ја извршува, Сеизмолошката опсерваторија нуди и серија на работилници преку кои, на лесен, едноставен и интересен начин учениците ќе се воведат во светот на сеизмологијата - што таа проучува, како проучува, но и што се се презема за заштита на луѓето. Овие работилници се наменети за деца и млади од различни едукативни профили и сфери на интерес.
Оваа работилница е наменета за средношколците на кои им е здодевно да слушаат секојдневни предавања, па наместо традиционално предавање, науката ја изучуваме преку комбинација од извршување на едноставна задача од областа на сеизмологија и објаснување на одговорот на задачата. Работилницата содржи шест (6) различни задачи и секако дел посветен на мерките за заштита од земјотрес.
Времетраење: 90 мин.
Бр. на членови на група: до 20 ученици
Цена по лице: 150 ден. (300 ден. на англиски јазик)
1) Поради тесниот пристапен пат се препорачува организираниот превоз да биде со автомобил/комбе/минибус
2)Едновремено може да се организира изведување на максимум три (3) работилници
Плаќањето се врши со банкарска уплата.
За сите (без разлика на возраста) кои немаат предвидено многу време за посетата на Опсерваторијата, а дополнително и не се задоволни од обично предавање, работилницата „Ние и земјотресите“ е одличен избор. Оваа работилница содржи четири (4) практични вежби преку кои освен што ќе се запознаеме со основите на сеизмологијата како наука, ќе ги научиме и мерките за заштита.
Времетраење: 45 мин.
Бр. на членови на група: до 20 ученици
Цена по лице: 150 ден. (300 ден. на англиски јазик)
1) Поради тесниот пристапен пат се препорачува организираниот превоз да биде со автомобил/комбе/минибус
2)Едновремено може да се организира изведување на максимум три (3) работилници
Плаќањето се врши со банкарска уплата.
За младите географи (основци и средношколци) кои сакаат да ги продлабочат своите знаења, работилницата „Географијата и земјотресите„ е совршена можност. Преку неколку практични вежби, учениците ќе можат да ја увидат потребата од географските научни достигнувања во објаснувањето на внатрешноста на Земјата и причините за појава на земјотресите како природна непогода. Секако, неминовно и во оваа активност се вклучуваат мерките за заштита при земјотрес.
Времетраење: 45 мин.
Бр. на членови на група: до 20 ученици
Цена по лице: 150 ден. (300 ден. на англиски јазик)
1) Поради тесниот пристапен пат се препорачува организираниот превоз да биде со автомобил/комбе/минибус
2)Едновремено може да се организира изведување на максимум три (3) работилници
Плаќањето се врши со банкарска уплата.
Апстрактните појави и закони кои ги сретнуваме при изучување на физика никогаш не биле интересни. Но, кога практично ќе се употребат и ќе се увиди колкава е нивната важност, сликата веднаш се менува. За сите млади физичари (основци и средношколци) кои сакаат практично да го применат и надградат знаењето од физика, оваа работилница е вистинскиот избор! Преку решавање на неколку практични научни проблеми и реални ситуации, покрај подобра слика за примената на науката, учениците ќе се здобијат и со вештини за однесување при земјотрес.
Времетраење: 45 мин.
Бр. на членови на група: до 20 ученици
Цена по лице: 150 ден. (300 ден. на англиски јазик)
1) Поради тесниот пристапен пат се препорачува организираниот превоз да биде со автомобил/комбе/минибус
2)Едновремено може да се организира изведување на максимум три (3) работилници
Плаќањето се врши со банкарска уплата.
„ЗемјоСтрес“ претставува едукативна игра наменета за ученици од средно образование. Играта поседува полиња со прашања и предизвици преку кои учениците ќе можат да ги покажат своите научни способности и претходни знаења, но ќе научат и многу нови факти, научни принципи и интересни информации како за науката за земјотресите, така и за начинот за заштита од истите.
Времетраење: 90 – 120 мин.
Бр. на членови на група: до 20 ученици
Цена по лице: 150 ден. (300 ден. на англиски јазик)
1) Поради тесниот пристапен пат се препорачува организираниот превоз да биде со автомобил/комбе/минибус
2)Едновремено може да се организира изведување на максимум две (2) работилници
Плаќањето се врши со банкарска уплата.
За оние кои се уште не се навлезени во научниот свет, но се заинтересирани за појавите со кои секојдневно се соочуваат, Опсерваторијата ја нуди едукативната игра „Опасна земја“. „Опасна земја“ е наменета за ученици од основно образование кои преку тимска работа ќе се справуваат со различни дилеми поврзани со сѐ она што со себе го носи природната непогода земјотрес.
Времетраење: 60 – 90 мин.
Бр. на членови на група: до 20 ученици
Цена по лице: 150 ден. (300 ден. на англиски јазик)
1) Поради тесниот пристапен пат се препорачува организираниот превоз да биде со автомобил/комбе/минибус
2)Едновремено може да се организира изведување на максимум две (2) работилници
Плаќањето се врши со банкарска уплата.
Сите работилници и едукативни игри освен во просториите на Опсерваторијата може да се одржат и надвор од неа. За одржување на работилниците надвор од просториите, треба претходен договор со некое од одговорните лица на Опсерваторијата!