Наставна и научно-популаризаторска дејност

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, според новите наставни планови на Институтот за физика при истиот факултет (од учебната 2011/2012 година), треба да зема учество во наставата од прв циклус на студиска програма применета физика - геофизика.

Претходно, почнувајќи од учебната 1998/99 г., опсерваторијата има учествувано во наставата на поранешната студиска програма Геофизика со метеорологија на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, како и во наставата на дво-продметната студиска програма физика-математика при истиот факултет.

Опсерваторија, според новите наставни планови на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје (од учебната 2011/2012 година), треба да зема учество во наставата од втор циклус на студиска програма применета физика - геофизика на истиот институт.

Опсерваторијата учествува во наставата по предметот инженерска сеизмологија на меѓународните студии од втор циклус по земјотресно инженерство во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) во Скопје.

Опсерваторијата ја одржуваше наставата и вежбите по предметите општа сеизмологија и инженерска сеизмологија на поранешните постдипломски студии по земјотресно инженерство во ИЗИИС – Скопје.

Во опсерваторијата се одржуваше и практичниот дел по сеизмологија за учесниците на Интернационалниот курс за асеизмичко проектирање и градба (CADAC). Овој курс, спонзориран од Владата на Холандија, се одржуваше во ИЗИИС – Скопје 26 години, почнувајќи од 1982 г.

Опсерваторијата одржува повремени предавања од областа на сеизмологијата и геофизиката за студенти и ученици, по иницијатива на поедини факултети и училишта од Република Македонија.

Во стручни, во научно-популарни и други списанија, како и во весници, опсерваторијата постојано објавува статии поврзани со основите и насоките на развој на сеизмологијата, а кои се наменети за ученици, наставници и за поширок круг читатели.


© 2024. Сеизмолошка опсерваторија, ПМФ, УКИМ, Скопје.