ПОЧУСТВУВАНА СЕРИЈА ЗЕМЈОТРЕСИ 12.01.2024г. ПРЕСПА
Во изминатото деноноќие, телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 12.01.2024 година регистрираше серија земјотреси кои потекнуваат од епицентралното подрачје Преспа, од кои три се почуствувани од страна на граѓаните.
Првиот земјотрес од оваа серија беше регистриран во 00 часот и 32 минути, чиј епицентар се наоѓа 120 km јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. Освен вознемиреност кај граѓаните, според првичните податоци, материјални штети не се пријавени.
Вториот земјотрес се случи во 01 часот и 31 минути, чиј епицентар се наоѓа 124 km југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.3, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, додека третиот земjотрес е во 01 часот и 33 минути, чиј епицентар се наоѓа на 123 km југозапдно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.4 и интензитет II-III степени според Европската макросеизмичка скала.
ПОЧУСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС 25.12.2023г. СКОПЈЕ
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 25.12.2023 година во 04 часот и 36 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар се наоѓа во Република Косово, на 20 километри северо-западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.3.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во околината на градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
ПОЧУСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС 22.11.2023г. БИТОЛА
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 22.11.2023 година во 16 часот и 43 минути и 18 часот и 20 минути, регистрираше два земјотреси чии епицентри се наоѓаат 108 km југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Битола, со Рихтерови локални магнитуди ML2.5 и ML2.2 соодветно.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресите се почувствувани во југозападниот дел, и тоа од населението во околината на градовите Ресен и Битола, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
ПОЧУСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ДЕМИР КАПИЈА 08.11.2023г.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија,одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиотфакултет во Скопје, денес на 8.11.2023 година во 18 часот и 16 минутирегистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 107 km југоисточно одСкопје, во епицентралното подрачје Демир Капија, со Рихтерова локалнамагнитуда M L 3.2.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата,земјотресот е почувствуван во југоисточниот дел, и тоа од населението вооколината на Демир Капија, со интензитет од III степени според Европскатамакросеизмичка скала.
ПОЧУСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ТЕТОВО 18.10.2023г.
Земјотресот кој се случи утринава, на 18.10.2023 година во 10 часот и 24 минути, е со епицентар кој се наоѓа 35 km западно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар а е со Рихтерова локална магнитуда ML3.3. Тој беше регистриран на телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во регионот Тетово-Гостивар со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Почувствуван земјотрес Битола 13.09.2023
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 13.09.2023 година во 18 часот и 18 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 115 km јужно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин, со Рихтерова локална магнитуда ML2.6.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Битола и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
11 СЕПТЕМВРИ 2016 - 7 ГОДИНИ ОД СЛУЧУВАЊЕТО НА СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС
На 11 септември 2016 година, пред точно 7 години, во Скопје започна серија на тектонски земјотреси.
Првиот земјотрес од оваа серија се случи утрото во 06 часот и 58 минути со локална Рихтерова магнитуда МL3.9 и интензитет I0=VI степени според Европската Макросеизмичка Скала (ЕМЅ-1998). Главниот земјотрес од серијата беше регистриран од апаратите во сеизмолошката опсерваторија и сеизмолошките станици ширум нашата земја во 15 часот и 10 минути, со магнитуда ML5.3, интензитет I0=VII ЕМЅ-1998 степени и хипоцентрална длабочина h=3.7 km. Земјотресот припаѓа на Скопското епицентрално подрачје, со епицентар во Скопската котлина, односно на неколку километри источно од центарот на градот Скопје.
Најголем дел од земјотресите кои припаѓаат на оваа серија, се предизвикани од сеизмичката активност на Скопско-Ќустендилскиот расед кој поминува низ Скопската котлина, додека извесен број од земјотресите имаат епицентри кои мигрираат кон останатите раседи од Скопското епицентрално подрачје.
Оваа серија на земјотреси предизвика паника кај жителите на Скопје и околните села. Дел од градбите претрпеа и материјални штети, притоа незајакнатите градби од камен и тула имаа од средни до значајни, а во некои случаи и многу големи оштетувања. Зајакнатите градби од камени тула претрпеа лесни до среднни оштетувања, додека армиранобетонските рамковни градби имаа занемарливи до лесни оштетувања.
ПОЧУСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС 08.07.2023г. Штип
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 08.07.2023 година во 06 часот и 13 минути и 08 часот и 24 минути регистрираше два земјотреси чии епицентри се наоѓаат 68 km југоисточно од Скопје, кои потекнуваат од епицентралното подрачје Штип, со Рихтерова локална магнитуда ML1.9 и ML2.3.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресите се почувствувани од населението во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
ПOЧУСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС 22.06.2023 Делчево - Берово
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 22.06.2023 година во 09 часот и 53 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 113 km југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда ML 2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Берово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала
ПОЧУСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС 07.06.2023 источен дел на Р.С.Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 7.6.2023 година во 14 часот и 26 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 280 km источно од Скопје, Република Бугарија и е со Рихтерова локална магнитуда ML4.6.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во источниот дел на Републиката, и тоа од населението во подрачјето на Пехчево и Берово, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.