Соопштенија

11 октомври 2024

ПОЧУСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ДЕМИР КАПИЈА 11.10.2024

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 11.10.2024 година, во 10 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Демир Капија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Неготино и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.


30 септември 2024

ПОЧУСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ПЕХЧЕВО 30.09.2024г. 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 30.09.2024 година, во 21 часот и 28 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.


24 септември 2024

Почувствуван земјотрес Скопје 24.9.2024

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 24.09.2024 година, во 21 часот и 46 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.9. 

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и пошироката околина, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.


23 септември 2024

ПОЧУСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС СКОПЈЕ 23.9.2024

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва, 23.09.2024 година, во 02 часот и 02 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.


15 август 2024

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС 15.8.2024 Р. ГРЦИЈА

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утрово, 15.08.2024 година, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Грција и припаѓа на епицентралното подрачје Гевгелија-Гуменџа, 140 km југоисточно од Скопје. Земјотресот се случи во 03 часот и 24 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во Богданци и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.


12 август 2024

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ДЕЛЧЕВО-БЕРОВО 12.8.2024

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утрово, 12.08.2024 година, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 124 km југоисточно од Скопје. Земјотресот се случи во 04 часот и 48 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во градот Пехчево и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.


26 јули 2024

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ПЕХЧЕВО 26.7.2024

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово, 26.07.2024 година, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 123 km југоисточно од Скопје. Земјотресот се случи во 08 часот и 46 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.1.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.


25 јули 2024

Почуствуван земјотрес Делчево-Берово - КЛИК ЗА ПРИСТАП ДО СИТЕ ИЗВЕСТУВАЊА ЗА ПОЧУСТВУВАНИ ЗЕМЈОТРЕСИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РМ

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 25.07.2024 година, регистрираше два земјотреси чии епицентри припаѓаат на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 125 km југоисточно од Скопје. Првиот земјотрес се случи во 18 часот и 28 минути и е со измерена Рихтерова локална магнитуда ML3.6, додека вториот во 18 часот и 30 минути е со локална Рихтерова магнитуда ML2.9.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата,  првиот земјотрес почувствуван е од населението во градовите Берово, Делчево и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека вториот III степени според истата скала. 


16 јули 2024

Почуствуван земјотрес Скопје 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 16.07.2024 година во 14 часот и 06 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на скопско епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.


07 јули 2024

Почуствуван земјотрес Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 7.07.2024 година во 14 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, 125 km југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.6.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Охрид и околината, со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала, со интензитет од III-IV според Европската макросеизмичка скала истиот е почуствуван во повеќе места од Охридско-Струшкиот регион, како и во дел од пограничните подрачја со Р. Албанија.


| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
© 2026. Сеизмолошка опсерваторија, ПМФ, УКИМ, Скопје.