Соопштенија

07 јуни 2025

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОРЕС 7.6.2025

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 7 јуни 2025 година регистрираа серија на земјотреси чии епицентри потекнуваат од соседна Република Грција. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, почувствуван е земјотресот во 14 часот и 46 минути чиј епицентар се наоѓа 290 km југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML5.2. Земјотресот беше почувствуван во југоисточниот дел на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала

 


18 мај 2025

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС  18.05.2025г.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 5 часот и 7 минути и 5 часот и 16 минути регистрираа земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани- Охрид -Струга, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерови локални магнитуди, ML3.4 и ML2.3.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, почувствуван е земјотресот во 5 часот и 7 минути во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала


28 март 2025

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС БИТОЛА-ЛЕРИН 28.3.2025

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, во 05 часот и 04 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар  потекнува од пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин, во соседна Република Грција, на 125 км јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.


19 март 2025

ПОЧУСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС СТРУМИЦА 19.3

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 18 часот и 33 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 115 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.8. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала.


16 март 2025

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВАЛАНДОВО 16.3.2025

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 04 часот и 13 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валадово, на 125 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.6. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово и Струмица, како и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

 


04 февруари 2025

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ДЕБАР 4.2.2025

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 1 часот и 50 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Дебар на 80 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.0. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Дебар и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.


04 февруари 2025

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ШТИП 4.2.2025

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 9 часот и 18 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Штип - Радовиш на 70 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.7. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.


24 јануари 2025

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС, 24.01.2025г., Р. АЛБАНИЈА

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 24 јануари 2025 година во 14 часот и 39 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 173 km западно од Скопје, во Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML4.1.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во северозападнитеделови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.


07 јануари 2025

ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС, 07.01.2025г., ДОЈРАН

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово 7 јануари 2025 година во 7 часот и 23 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.2.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.


06 јануари 2025

 

 ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС 6.1.2025 Р. КОСОВО

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 6 јануари 2025 година во 18 часот и 44 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 25 километри северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и северозападните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.


| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
© 2026. Сеизмолошка опсерваторија, ПМФ, УКИМ, Скопје.