д-р Љупчо Јордановски, роден на 13 фебруари1953 г. во Штип, доктор на науки по градежништво, научен советник, кој раководел од 9 јули 1993 до 14 октомври 2009 г. Основно училиште и гим¬на¬зијата завршил во Скопје. Дипломирал електроника на Електротехничкиот факултет на Универзитетот во Загреб, во 1975 год. На истиот факултет, во 1978 год. ги завршил и постдипломските студии. Истата година, на Природно-математичкиот факултет на истиот универзитет, апсолвирал и математика. Во 1979 год. имал четиримесечна специјализација за проблемот на интеракција помеѓу почвата и конструкцијата при институтот Dames and Moore во Лондон. Во 1985 год., на Градежниот факултет на Универзитетот на Јужна Калифорнија (USC) во Лос Анџелес, по шестмесечна специјализација по инженерска сеизмологија (со стипендија на UNESCO) и четиригодишни докторски студии од истата област, ја одбранил докторската дисертација стекнувајќи се со титулата доктор на науки по градежништво, специјалност земјотресно инженерство. Во 1978 год. се вработил во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) во Скопје, како асистент. На истиот институт, во 1987 год. бил избран во звањето доцент, по што одржувал настава на меѓународните постипломски студии по предметот инженерска сеизмологија и земјотресно инженерство, како и настава по предметот вовед во нумеричка анализа на Меѓународниот курс за асеизмички конструкции за кандидати од земјите во развој (CADAC). Во 1992 год. преминал на работа во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) на Универзитетот “Св. Кирил Методиј” во Скопје. На истиот факултет, истата година бил избран во звањето виш научен соработник, во 1998 год. избран и во 2003 год. преизбран во звањето научен советник. Неговите редовни работни обврски во Опсерваторијата биле врзани со сеизмолошката инструментација и со при¬мената на сметачи во аквизицијата и анализата на податоците. На ПМФ во Скопје, одржувал настава по 3 предмети. Бил визитинг професор на Градежниот факултет на Универзитетот на Јужна Калифорнија во Лос Анџелес, мај−јули 1993 год. и мај−август 1994 год. Од 2000 год., бил ангажиран и во наставата на Катедрата за геологија и геофизика на Рударско-геолошкиот факултет во Штип. Бил рецезент на трудови во реномирани домашни и странски научни списанија. Покажал научни интереси кон анализата на сеизмичкиот ризик со примена во сеизмичкото микрореонирање, математичкото моделирање во обратната задача на земјотресното жариште, инструментацијата на сеизмолошките набљудувања со примена на сметачи во аквизицијата и анализата на податоците. За време на својата работа во Опсерваторијата учествувал во 4 меѓународни, а бил водител на 3 национални научни проекти. Во коавторство, објавил 22 научни трудови. Имал и 3 постерски презентации на трудови на научни собири. Коавтор е и на околу 20 апликативни и други стручни трудови. Самостојно развил 6 оригинални и модифицирал 2 постојни апликативни софтверски пакети. Во 1988 год. остварил двомесечен стручен престој во Мексико Сити, а во 1990 год., како експерт на UNDP од областа на сеизмичкиот ризик и земјотресното инженерство, бил во едномесечна експертска мисија во Иран. Во 1996 год. имал едномесечна обука во фирмата-производител на сеизмолошки инструменти Kinemetriks (Пасадена, САД). Бил раководител на Опсерваторијата во разни периоди од 9.7.1993 год. до 14.10.2009 год. Во периодот 1987−1989 год. бил член на националната работна група за податоци за силни земјотреси (Task Group 1). Бил член на Друштвото на инженерите и техничарите на Македонија и на Здружението на сеизмолозите на Македонија. Бил вршител на функциите пратеник и Претседател на Собранието на Република Македонија, вршител на функцијата Претседател на Република Македонија, како и амбасадор на Република Македонија во САД.