Дипл. инж. Зоран ТОДОРОВ, стручен соработник за сеизмолошки инструменти, е роден на 5.3.1967 год. во Подгорица, Република Црна Гора. Основното образование го завршил во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје со одличен успех. Средното образование го оформил во Електротехничкиот училишен центар „Коце Металец“ во Скопје, на одделот за слаба струја. Дипломирал на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1992 год., на насоката за индустриска електроенергетика и автоматизација. Неговото прво вработување е во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, во 1994 год., на работното место технички соработник за сеизмолошки инструменти. Во истата институција, во 2006 год. бил унапреден во стручен соработник за сеизмолошки инструменти. Неговите работни обврски се инсталирање, калибрација, одржување и каталогизирање на сеизмолошките инструменти во постојните сеизмолошки станици, учество во инсталирањето на нови сеизмолошки станици, теренски мерења на експлозии и амбиентални вибрации, како и ставање во функција на магнетометри. Во досегашниот работен ангажман, учествувал во техничката подршка на 3 меѓународни и 7 апликативни проекти. Коавтор е на неколку стручни трудови за сеизмолошката инструментација (дел од библиотечниот фонд на Опсерваторијата).