Виш Лаборант Моника Андрееска

Предмети



Биографија

Моника Андрееска, основното и средното образование ги завршува во Скопје. Во 2013г. се запишува на Природно - математичкиот факултет во Скопје, на институтот за географија, насока географски информациски системи. Студиите ги завршува на 18.09.2017г. со одбрана на дипломска работа на тема:  „Идентификација, векторизација и приказ на географски елементи од сателитски снимки на примерот на општина Македонска Каменица“. Во периодот од октомври 2017 година до февруари 2018 година, редовно волонтира во Сеизмолошката Опсерваторија  при ПМФ во Скопје. На 15.08.2018г. се вработува како секретар и професор по географија во ПСУ „Максимилијан“. Во јуни 2021г. започнува со работа во редовен работен однос, како виш лаборант во Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје. Во учебната 2022/23 се запишува на втор циклус на студии на географија, отсек картографија со ГИС. Нејзините секојдневни работни обврски во опсерваторијата вклучуваат прелиминарна и детална анализа на инструменталните податоци и работа со софтвери за обработка на истите, картирање на макросеизмички карти и останати тематски карти од областите сеизмологија и тектоника. Од научен интерес, има учество на 4 меѓународни конференции, 1 меѓународна обука, автор е на 1 труд и коавтор е на 7 трудови со меѓународен уредувачки одбор, 5 теоретски и практични курсеви во полето на ГИС и  далечинска детекција. Има учествувано во 1 проект од национален интерес, 7 апликативни проекти, 1 меѓународен проект, 2 монографии и коавтор е на поголем број научно популаторни статии. Активно учествува во едукативната дејност на Сеизмолошката опсерваторија преку предавања и работилници, како и промотивни активности на факултетот.

Главни полиња на интерес: ГИС анализи, макросеизмологија, картографија, сеизмотектоника, анализа на податоци.

© 2026. Сеизмолошка опсерваторија, ПМФ, УКИМ, Скопје.