Виш Лаборант Ивана Молеровиќ

Предмети



Биографија

Ивана Молеровиќ, родена на 12 февруари 1996 година во Скопје.

По завршувањето на основното и средното образование во Скопје, го продолжува своето високо образование на Природно-математичкиот факултет на институтот за физика, каде што дипломира во 2021 година при што се здобива со звањето дипломиран инженер по физика – форензичка физика.

Од јули 2021 година е ангажирана како виш лаборант за анализа на податоци во Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Нејзиниот професионален ангажман опфаќа анализа на инструментални и макросеизмички податоци, со фокус на нивна интерпретација и обработка.

Во својата професионална кариера учествувала во изработка на десет научни трудови со меѓународен уредувачки одбор, четири апликативни и два меѓународни истражувачки проекти, како и две монографии. Активно придонесува и во едукативни и промотивни активности преку реализација на предавања и работилници.

© 2026. Сеизмолошка опсерваторија, ПМФ, УКИМ, Скопје.