Долгорочно очекувана сеизмичност

Во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје редовно се вршат истражувања на долгорочно очекуваната сеизмичност (сеизмичкиот хазард) во однос на магнитудата и максималниот интензитет. Во овие истражувања досега се користи Гутенберг–Рихтеровиот закон за честота на земјотресите со одредена магнитуда, заедно со емпириски востановените релации меѓу магнитудата и максималниот интензитет за територијата на Република Македонија и пограничните подрачја. При тоа, влезни податоци се податоците од целата набљудувана историска и современа сеизмичка активност на оваа територија. Излезни податоци се максималните магнитуди или максималните интензитети што се очекуваат во поединечните подрачја во одреден период, т.н. повратен период.


Карта на очекувани максимални магнитуди за територијата на Република Македонија и пограничните подрачја за бескраен повратен период



© 2024. Сеизмолошка опсерваторија, ПМФ, УКИМ, Скопје.