Slide background
Седиште на опсерваторијата во Скопје (денес)
За опсерваторијата

Повеќе

Slide background
Зградата на Сеизмолошката станица во Скопје во 1957 г
Основање

Повеќе

Slide background
Акварел на зградата на Сеизмолошка опсерваторија во Скопје
Slide background
Сеизмолошка станица во Охрид
Варош, над црквата Св. Канео

Повеќе

Slide background
Сеизмолошка станица во Валандово
Прва станица надвор од Скопје

Повеќе

Slide background
Поглед од станицата на брана „Козјак“
Slide background
Сеизмичност на Р. С. Македонија
Епицентрална карта на земјотресите за периодот 1901-2021

Повеќе

ВО СЛУЧАЈ НА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЈАВЕТЕ СЕ НА БЕСПЛАТНИОТ  ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 195 (ЦУК)

 Податоците за осетеноста на земјотрес што ќе ги дадете таму веднаш се упатуваат до Сеизмолошката опсерваторија за натамошна стручна обработка. 


 

За сеизмолошката опсерваторија

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, согласно со Законот за учество на Републиката во финансирањето на сеизмолошката и инженерско-сеизмолошката дејност (Службен весник на СРМ, Бр.18 од 10 октомври 1983, стр. 330‑331),  е единствена институција во Република Македонија која е задолжена и овластена да ја одржува сеизмолошката мрежа на Републиката, да врши постојано набљудување и научна анализа на целокупната сеизмичка активност на територијата на Републиката, пограничните подрачја и пошироко, да ги одржува соодветните архиви, да врши анализи за одредување на сеизмичкиот ризик во одделни подрачја на Републиката и на целата нејзина територија, да ја изработува и постојано дополнува картата на земјотресна реонизација на целата територија на Републиката, да ги објавува податоците за сеизмичките појави (вклучувајќи го и обавестувањето на јавноста за осетените земјотреси во Републиката), како и да учествува во меѓународната размена на податоци за случените земјотреси. Оваа институција е носител и на образовните активности од областа на сеизмологијата и целата геофизика, а има и сопствена издавачка дејност.

© 2024. Сеизмолошка опсерваторија, ПМФ, УКИМ, Скопје.